Советот за безбедност на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на државата, како и за мерките и активностите на надлежните институции.
На десеттата седницата, што ќе се одржи напладне во „Вила Водно”, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.
Последната седница на Советот за безбедност беше на 29 октомври. Тема и тогаш беше состојбата со Ковид-19.