По денешниот состанок на Советот за безбедност, на кој е донесена препорака за прогласување на кризна состојба, на прашањето зошто не се воведува полициски час, кога цела Европа се затвора, преку одредени модели, министерот за здравство Венко Филипче истакна дека таквата рестрикција не би имала никаков ефект.
-Здравствен аспект е причината за секоја рестриктивна мерка. На почетокот на пандемијата имаше едни сознанија, сега има поинакви. Рестрикција во движењето сметаме дека нема да има никаков ефект, бидејќи она што треба да се спречи е групирањето, што е веќе забрането. Друга мерка која мора да се почитува е носењето на заштитни маски, истакна министерот Филипче.
Премиерот Зоран Заев истакна дека можноста за полициски час останува отворена, но ако тоа го согледаат здравствените власти.
И претседателот Стево Пендаровски истакна дека никаде во Европа нема полициски час 24/7, туку одредени ограничувања на движењето.