По кратка битка со коронавирусот утрово почина познатиот македонски ракометен работник, Саше Ѓорѓески од Гостивар. Ѓорѓески своевремено беше ракометар, кој настапуваше во Гостивар, но и во Супер лигата во екипата на Југ, пред да ја заврши кариерата поради повреда и да се префрли во судиските води.
Имаше долга и успешна судиска кариера во пар со Васе Зипевски. Беше познат како секогаш насмеан, ведро расположен, познат и по гитарата и песната, како негова голема љубов покрај ракометот. Откако пред две години заврши со судиската кариера, продолжи како делегат и беше активен се до моментот на неговото прерано заминување.
Саше е татко на голманот на Металург, Даниел Ѓорѓески.