Нема ниту една европска вредност во владеењето на Заев. Тој ги прокоцка сите шанси да ја унапреди државата. Власта со политика херојот Делчев го даваат, измамникот Заев не го даваат, посрамени вечно ќе чекаме пред портите на ЕУ. Политиката на свиткана кичма затвора а не отвора врати. Во Европа не се избираат претседатели на држави како што Заев купувал гласови од верски лидери.
Поранешниот реис призна дека Зоран Заев и Стево Пендаровски преку него купиле контингент гласови на наши сограѓани од исламска вероисповед.
Признанието на реисот тееба да биде црвено светло за ЈО и веднаш да го повика истиот да даде исказ за тоа како Заев и Пендаровски купувале гласови.
Според член 160 од Кривичниот законик, тој што со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе спречи или друг ќе присили да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку 3 години.
Според член 22 од Кривичниот законик, ако две или повеќе лица, со учество во дејствие на извршување или со друг особен придонес кон извршувањето на делото, заеднички сторат кривично дело, секое од нив ќе се казни со казната пропишана да тоа дело.
Според член 23 од Кривичниот законик, тој што друг со умисла ќе го поттикне да стори кривично дело ќе се казни како да го сторил самиот.
Има доволно елементи за одговорност за очигледниот поткуп кој го призна реисот.
После ваква изјава да имаа грам доблест и Заев и Пендаровски ќе си дадеа оставка. Но тие остануваат да ги узурпираат функциите до кои очигледно дошле преку поткуп.
ЈО не смее ниту ден повеќе да чека, и веднаш да отвори случај за изборнуот поткуп за кој сега имаме и признание.
Не е европска вредност да се купуваат гласови, а притоа да се зборува за ЕУ. Патот кон Унијата бара посветеност и почитување на законите, а не нивно кршење.
Одговорност веднаш! Оставки!