Македонската фолк-пејачка јавно призна дека се разведува од својот сопругот, а за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека разводот е во тек.
„Разводот стана долг и досаден, што и како е и самата не знам“, кажа Велевска и продолжи да зборува за шпекулациите и невистините кои се пишуваат за неа во медиумите, но и како реагира на истите.
Таа за фотографијата со кошаркарот Перо Антиќ, која ја објави на социјалните мрежи кажа дека секој ја протолкувал како што сака и дека нема да одговара на шпекулациите поврзани со истата.
„Не е вистина за врската со Перо. Само што се запознавме и секој си ја протолкува фотографијата на свој начин. Веќе сум имуна на ваквите шпекулации, кажа Елена за „Бекстејџ“.
Преземено од Press24