Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ
„10 причини зошто Зоран Заев е најголемиот непријател на идејата за Европската унија и 10 причини зошто проектот ветување на Заев за ЕУ е мртов.
- Со Зоран Заев премиер звонат црвени телефони во медиуми каде стигаат нарачки за цензурирање на лидерот на опозицијата.
- Зоран Заев прави бизниси со контраверзни анти ЕУ и анти НАТО бизнисмени како што е бизнисменот Дака со кој купува со панамски пари земјиште во Тетово бизнис вреден 200 милиони евра.
- Секоја година Зоран Заев ветува дека ќе добиеме датум за избори и сеуште сме надвор од Европската унија.
4.Амнестиран криминалец и измамник како Заев во Европа служи за потсмев и е голем срам.
- Зоран Заев со главниот гробар Филипче се директно одговорни за катастрофата со над 1100 мртви од корона заразата.
- Пола милион граѓани живеат во сиромаштија со помалку од 2 евра на ден.
- Не може во Европа со куфери Луј Витон рекет кој се заташкува затоа што парите според сведоштвото на осудениот Јовановски завршиле директно кај Зоран и Вице Заев.
- Зоран Заев се што вети излажа, нема бесплатно здравство, нема 500 евра просек плата, нема странски инвестиции.
- Зоран Заев донесе неправда и нарачува политички прогон додека криминалците седат во неговиот скут.
- Местото на Зоран Заев не е во премиерски кабинет, туку во затвор, човекот е бизнис тајкун кој ја цица државата.