Рики Мартин и неговиот сопруг Жван Јосеф одгледуваат четири деца, 12-годишни близнаци Матео и Валентина, двегодишната ќерка Луција и синот Рена, чие што доаѓање во семејството го објавија минатиот октомври на Инстаграм.
Пејачот отсекогаш бил отворен кога станува збор за љубовта кон неговите деца. Така и лани на една хуманитарна вечер изјавил: „Меѓу другото, сакам да објавам дека сме бремени. Очекуваме“.
Пејачот е отврорен кога станува збор за љубовта кон децата, како и дека секогаш сакал големо семејство.
Во едно радиско интервју признал дека синовите го прашале дали биле во неговиот стомак.
– Беше во моето срце и сè уште си таму – го прераскажал одговорот Рики Мартин.
„Понатаму му објаснив, затоа што не можеше одговорот да остане само на тоа, дека постои жена која што ја обожавам и која што ми помогна да ги донесам на овој свет. Жена која „ми го позајми својот стомак“ за да се родат тој, а кога се роди го зедов во моја прегратка. Тој одговори: „Во ред“ и продолжи да игра“, раскажал Мартин.
Метју и Валентин ги родила сурогат мајка во 2008 година, а Мартин направил пауза во кариерата за да им се посвети.
Во интервју за магазинот „Аут“ тој открил што им рекол на синовите кога го прашале „зошто имаат двајца татковци“:
– Многу луѓе ми зборуваат дека моите деца се на насловни страници, а јас им одговарам дека тоа е така затоа што сакам да ја нормализирам нашата ситуација. Сакам луѓето да го гледаат моето семејство и да мислат дека во него нема ништо погрешно. Децата ме прашуваат зошто имаат двајца татковци, а јас им велам дека ние сме модерно семејство. Тоа е прекрасно чувство на слобода – изјавил тој.