Актуелниот американски претседател Доналд Трамп за денеска најави важна прес-конференција што треба да се одржи околу 18 часот по наше време.
„Денес важен прес на адвокатите за многу јасен и одржлив пат кон победа. Работите многу убаво доаѓаат на свое место“, напиша тој на „Твитер“.
Important News Conference today by lawyers on a very clear and viable path to victory. Pieces are very nicely falling into place. RNC at 12:00 P.M.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 19, 2020
Неколку минути претходно, исто така на „Твитер“ објави дека бил ограбен на претседателските избори во Детроит (Мичиген).
„Изборните измами во Детроит се жестоки и тоа веќе години наназад“, обвини денеска Трамп.
Voter Fraud in Detroit is rampant, and has been for many years!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 19, 2020
Тој на изборната ноќ водеше во државата Мичиген, која носи 16 избирачки гласови, за на крајот да загуби.
„Минатата ноќ водев, честопати многу солидно, во голем број клучни држави, скоро на секое место што го држеа и го контролираа демократите. Потоа, една по една, тие почнаа магично да исчезнуваат додека се броеа поштенските гласови. Многу чудно“, напиша тогаш Трамп на „Твитер“.
Штабот на Трамп покрена серија тужби во обид да го смени резултатот од изборите, а тој без цврсти докази тврди дека изборите биле „украдени“.
Вчера од судот беше побарано да го прогласи за победник на претседателските избори во Пенсилванија, а претставничкиот дом во таа сојузна држава, кој е под контрола на републиканците, да ги избере електорите кои ќе гласаат за претседател на САД.