Денеска со почеток во 18:00 часот, Владата на Република Северна Македонија ќе одржи седница.
На седницата ќе биде прифатено барањето на претседателот Стево Пендаровски за воведување на кризна состојба во целата држава.
Законот за управување со кризи предвидува формирање локални кризни штабови во сите општини во државата, вкупно 80 и Град Скопје. Кризната состојба може да трае до 30 дена а за продолжување Владата ќе мора да бара дозвола од Собранието.