Во Албанија повторно нов негативен рекорд на заразени и на умрени во едно деноноќие од Ковид-19, а за првпат меѓу починатите е и 16- месечно дете.
-Во изммнатите 24 часа регистрана е највиска бројка на заразени во еден ден. Од направените 2.677 тестови, опасниот вирус е дијагностициран кај 836 што е над 31 отсто од тестраните. За жал забележана е и најголема бројка на умрени – 15 лица, сите во болнички услови, од кои и едно 16 – месечно дете, информираше Министертвото за здрство и социјална заштита.
Од почетокот на пандемијата во Албанија направени се 168.294 тестови, опасниот вирус е дјагностициран кај 31.459, оздравеле 15.055, умреле 672, а активни на болеста се 15.732 лица.
Посочувајќи ја сериозната епидемиолошка состојба Министертвото апелира на строго почитување на мерките, со предупредување „да не мора да се воведува целосен карантин”.
Опозицискиот лидер Љуљзим Баша, денеска обвини дека властите нереално ги прикажуваат бројките на починати од Ковид-19,посочувајќи дека во периодот март-октомври починале 923, а не 509 лица, како што официјално потврдуваат властите. Додаде дека за сите умрени тој располага со лични податоци, денот на прием и денот на смртта.
Ваквите тврдења ги отфрлија од ковид болниците, реакција од мртовечницата нема, а премиерот Еди Рама, оцени дека Баша коронавирусот го користи за ниски дневно политички цели.