По неколку часа неизвесност сите заложници што ги држеше непознатиот напаѓач во една компанија во Тбилиси се ослободени, а тој е приведен, јави грузиската телевизија.
Како што наведува полицијата, со напаѓачот биле водени преговори и заложниците биле ослободувани еден по еден.
Инцидентот се случи во компанија за микрофинансирање.
Полицијата го блокираше делот од градот каде се одвиваше заложничката драма и каде беше спроведена специјалната акција.
Некои медиуми претходно, повикувајќи се на очевидци, јавија дека во компанијата имало петмина напаѓачи и дека биле вооружени со бомби.