Можеме да ги анализираме и западните медиуми, што тие пишуваат и кажуваат, но не е точно дека тие не нè разбираат, туку многу повеќе се однесуваат кон нас со разочарување и потсмев. Покрај тоа, ги изгубивме симпатиите од соседите затоа што запревме со проширувањето на целиот процес и тој не може да продолжи без Бугарија да го укине ветото.
Ова во емисијата Лице в лице со Цветанка Ризова, на националниот канал бТВ го изјави Весела Чернева, заменик директор на Европскиот совет за надворешни односи во врска со ветото што Бугарија и го наметна на Република Македонија во преговорите за членство во ЕУ.
Со бугарското вето ние ја свртевме водата во воденицата на ВМРО и ВМРО-ДПМНЕ, додаде Чернева.
Според неа, сè уште постои излез од ситуацијата и опција Бугарија да ја преиспита својата позиција.
Мислам дека по гласањето за државниот буџет, кога коалицијата повеќе нема да биде толку неопходна, ќе има можност да се вратиме на здравиот разум, рече на крајот Весела Чернева.
Двете страни ја пропуштија можноста да работат активно на Договорот за пријателство и добрососедство. Овој договор не се однесува само на историската комисија, туку и на инвестициите, културната размена, транспортните врски, т.е. сите работи што не беа реализирани од ниту една страна. Ова во студиото на Лице в лице на бТВ го изјави Весела Чернева, заменик директор на Европскиот совет за надворешни односи во врска со ветото што Бугарија и го наметна на Република Македонија во преговорите за членство во ЕУ.
Овие практични димензии на договорот едноставно не беа реализирани и тука е јасно дали постоела вистинска желба за договор. Наспроти позадината на оваа пандемија со ковид-19, ова изгледа како вештачка хистерија, додаде Чернева.