Рекордни 141 смртни случаи од коронавирус се регистрирани во Турција во последните 24 часа, покажуваат најновите податоци на Министерството за здравство. Податоците покажаа дека во земјата се забележани 5.103 нови позитивни случаи, објави Гардијан.
Вкупниот број на смртни случаи се искачи на 12.084.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави поостри ограничувања во вторникот, вклучително и воведување полициски час за викендот и ограничувања на работното време на ресторани, кафулиња и трговски центри.
Покрај полицискиот час, училиштата се затворени, па часовите ќе се одржуваат преку Интернет до крајот на семестарот.