Во редовите на италјанскиот фудбалски повеќекратен првак Јувентус продолжуваат да анализираат што да прават со својата голема ѕезда Кристијано Роналдо. Иако тие се една од најмоќните екипи во европскиот фудбал, тие не беа поштедени од финансиските последици поради Ковид-19.
„Калчомеркато” открива дека Јуве навистина размислува да се раздели со Кристијано Роналдо следното лето. Иако има 35 години, тој ја задржа формата и физичката подготвеност, што значи дека може да се разгледа неговата продажба.
Во последните неколку недели се појавија спекулации за наводен интерес од тимови, вклучувајќи ги и неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен. Ова се два економски моќни клуба кои ќе му овозможат на португалскиот репрезентативец да продолжи да игра на највисоко ниво до крајот на триесеттите години и од друга страна да го стимулира протокот на пари на Јувентус.