Адвокатот на Доналд Трамп, Руди Џулијани, одржа говор што требаше да открие докази за масовна кражба на гласови на претседателските избори во Америка. Џулијани го цитираше Џо Пеши од филмот „Мојот братучед Вини“ и тврдеше дека има стотици докази за кои се заколна дека нема да ги сподели затоа што тоа ќе ги загрози животите на неговите сведоци.
За време на говорот, Џулијани се испоти толку многу што фоторепортерите забележаа дека на лицето му капе боја за коса, иако тој често го бришеше лицето. Корисниците на социјалните мрежи правеа шеги на сметка на поранешниот градоначалник на Њујорк.
It appears that Rudy Giuliani is sweating through his hair dye. pic.twitter.com/OY3dGL1BtX
— The Recount (@therecount) November 19, 2020
Тој, исто така, изјави за време на прес-конференцијата дека истражувањето на неговиот правен тим утврди дека не станува збор за индивидуални случаи на манипулација, но дека ваквата шема се повторува во многу земји, особено во градовите каде што демократите се на чело.
„Зборувам за масовна измама“, рече Џулијани во Капитол Хил со другите членови на правниот тим на Трамп.
Во тој контекст, тој ги спомна Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Аризона и можеби Ново Мексико.