Во последните 24 часа евидентирани се 2.958 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-Ко2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 18.193.
Меѓу нив има 1.992 пациенти на болничко лекување, од кои 217 пациенти се на апарати за дишење, а 57 лица починаа.
Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, до денес се регистрирани вкупно 96.837 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 1.257 починаа, вкупно 77.387 оздравеа, од кои 2.522 во последните 24 часа.
Во моментов има 43.265 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 657.872 лица, од кои 8.321 во последните 24 часа.