Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја потврди веста за смртта на патријархот Иринеј. Тој на „Инстаграм“ објави црно-бела фотографија од Иринеј под која напиша: „Чест ми беше што ве познавав. Таквите како вас никогаш не заминуваат“.
Според српските медиуми, здравствената состојба на патријархот се влошила вчера. Тој беше тестиран позитивен на коронавирус на 4 ноември, а следниот ден беше хоспитализиран. За него се грижеа српски и руски лекари. Патријархот имаше 90 години.