Естонската министерка за образование поднесе оставка затоа што со владин автомобил ги носела децата на училиште

Естонската министерка за образование, Маилис Репс, денеска поднесе оставка на функцијата по медиумските извештаи дека користела државно возило и возач за да ги неси своите деца на училиште, јави ДПА.

Според таблоидот Охтулехт, возач од министерството повеќе пати го користел владиниот автомобил за да ги однесе и земе нејзините деца од училиште.

„Се најдов под силен притисок да ја усогласам улогата на министер и мајка. Признавам дека направив грешки и се извинувам за нив”, напиша 45-годишната жена на Фејсбук.

ДПА пренесува дека по обелоденувањето на скандалот, Репс признала и дека неодамна повеќе пати го користела владиниот автомобил за приватни цели.

Премиерот Јури Ратас, кој ја бранеше Репс, рече дека со жалење ја прифатил оставката на неговата сопартијка.

Таа е третиот член на владата што ја напушти функцијата овој месец, додава ДПА.

Треба да знаете
Последни објави