Заев може да вети и пат до месечината, но легализацијата на омилениот бизнис марихуана не може да го покрие ветото

Зоран Заев и СДСМ се надеваат дека може да го дефокусираат вниманието од нивните погубни политики за иднината на државата, со политики од полињата со марихуана, кои се еден од омилените бизниси на кланот Заеви.

И змамникот Заев може да вети и пат до месечината, но легализацијата на омилениот бизнис марихуана не може да го покрие ветото и штетата која и ја нанесе на Македонија

Дури и да воведе адолжително конзумирање марихуана која ќе ја продава единствено кланот Заеви, ниту еден граѓанин на Македонија нема да заборави на неговите лаги, лажни ветувања, тргувања со националните интереси и крахот на неговите политики и ветувања.

На Заев среде страшна пандемија и економски крах, главен приоритет му е легализација на марихуаната, заради нарко бизнисот на фамилијата. Ова е срамно и уште еден доказ за забеганоста, неспособноста и немањето контакт со реалноста на актуелната власт на Заев и СДСМ.

Можеби за Заев е логично после ваков дебакл да размислува на лесни дроги, но неговите надувани ветувања не им помагаат на граѓаните кои се борат со страшната пандемија и економската катастрофа.

На државата и требаат луѓе кои ќе работат и ќе создадат услови за подобра иднина, а не луѓе кои мислат само на личното богатење и семејните бизниси.

Ниту едно законско решение за особено сензитивни и комплексни теми, на кои мора да се испитаат многу аспекти преку најширока дебата на најдобрите и најстручните експерти, не смее да биде ставено на брза лента од страна на кланот Заеви поради нивните лични интереси и желбата да се заборави на ветото по заслуга на Заев.

 

Токму во времето на ВМРО-ДПМНЕ, по опсежни анализи од секој аспект, се донесе законот за употреба на медицинската марихуана која им помага на многу луѓе со различни здравствени состојби.

Секоја наредна постапка на оваа или слични теми мора да биде максимално претпазлива и низ широка дебата, а не во рацете на човек кој не знае што да прави за да побегне од одговорноста за дебаклот кој го доживеа Македонија поради неговите неодговорни политики.

Треба да знаете
Последни објави