(Видео) Караница во автобус во Русија – го избодел со нож зашто му рекол да стави маска

Патник во автобус во рускиот град Санкт Петербург е избоден со нож по караница со двајца патници, кои одбиле да носат маска за лице, објави новинската агенција „Интерфакс“, повикувајќи се на полицијата.

Според информациите, жртвата се расправала со маж и жена, кои седеле пред него во автобусот, поради тоа што не носеле маски, пренесе Ројтерс.

Неговите коментари го охрабриле човекот кој седел да стане нагло и да и се развика на жртвата. Расправијата продолжила и на улица, при што човекот кој не носел маска го избодел со нож другиот. Раната била фатална за човекот.

Телото на жртвата, кого Интерфакс го идентификуваше како 53-годишен маж од периферијата на Санкт Петербург, беше пронајдено со убодна рана во грбот во вторникот вечерта, објави новинската агенција.

Двајцата осомничени биле приведени следниот ден и покрената е кривична истрага.

https://twitter.com/mehanick36/status/1329778982754062339

Треба да знаете
Последни објави