Кендал Џенер и Бела Хадид во црно од глава до пети на вечера во „Карбоне“

Кендал Џенер неодамна се најде на удар на критики за игнорирање на правилата за социјално дистанцирање, кога организираше огромна роденденска забава без заштитни маски.

Манекенката и ѕвезда на реалити-шоуто „Дружење со семејството Кардашијан“ сè уште не дозволува пандемијата да го запре нејзиниот преполн социјален живот, коментираат таблоидите.

Во четвртокот, Џенер и нејзината пријателка супермодел Бела Хадид, двете облечени во црно од глава до пети, излегоа на шик вечера во омилениот италијански ресторан „Карбоне“ во њујоршкиот кварт „Гринич вилиџ“, познат по своите селебрити-гости.

Треба да знаете
Последни објави