Универзитетот на Југоисточна Европа во онлајн формат ја одбележи 19 годишнината од основањето на 20 ноември 2001 година. Наместо традиционалната програма која секоја година се одржува за одбележување на годишнината на Универзитетот ректорот Абдулменаф Беџети упати видео порака до студентите, до вработените, како и до пошироката јавност.
–Универзитетот веќе е во втората година од полнолетството и ние продолжуваме да пренесуваме квалитетно знаење кое секојдневно се потврдува од успесите на нашите дипломирани студенти. Можеме да кажеме дека успешно се соочивме со предизивиците како пад на наталитет, зголемување на миграцијата и желбите на студентите за студирање во странство и продолжуваме со четирицифрена бројка на запишување на нови студенти. Оваа година бележиме и нова програма „Архитектура и дизајн” каде имаме 40 студенти, истакна во обраќањето ректорот Абдулменаф Беџети.
УЈИЕ академската година ја започна две недели пред вообичаениот почеток со намера да има соодветно консолидирање поради пандемијата.
-Започнавме со 85 проценти на студенти кои следат настава со физичко присуство и 15 отсто на онлајн настава пред се за студенти кои се надвор од кампусите во Тетово и Скопје. Сега бевме принудени да се прилагодиме на околносите поради интензитетот на Ковид-19 и сите да се префрлиме на онлајн настава последните недели од ноември, истакна Беџети.
Според неговата објавата, секторот за следење на дипломираните студенти бележи 70 проценти вработеност кај оние кои го завршиле високото образование на УЈИЕ. Од септември нов претседател на Одбор на УЈИЕ е именуван Клаус Тохтерман.