Рекордни 12.363 тестови за еден ден на Кипар, потврдени 268 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство на Кипар соопшти дека биле направи рекордни 12.363 тестови за еден ден, бројка речиси три пати поголема во споредба со просечниот број дневни тестови, а беа потврдени 268 случаи на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Дел од направените тестови се молекуларни односно ПЦР (6.356 анализи), а другиот дел се рапид тестови.

Како што соопштија од Министерството за здравство, позитивните резултати од брзите тестови, не се вклучуваат во дневната статистика, бидејќи дополнително, за потврда, се прави ПЦР тест.

Од почетокот на епидемијата, на Кипар потврдени се 7.979 случаи, а на Ковид-19 беше главната причина за смртта кај 41 лице.

Во болниците, на лекување е 81 лице.

Треба да знаете
Последни објави