Никола Ѓоргевиќ, бившото момче на Сања Вучиќ, членка на бендот “Hurricane”, станува нов учесник на реалното шоу и наскоро се сели во Белата куќа.
Пеачката на својот Инстаграм профил соопшти дека ја прекинала врската со Никола, а сега објави и тој.
– Вистина е. Потпишав договор за Задруга! Влегувам на 28 ноември. Немам работа поради короната, седам дома и трошам пари. Ријалити е меч со две оштрици, во зависност од тоа како ќе се покажеш. Влегувам како слободен дечко во Задруга. Причината за разделбата е презаситување, а не влегувањето во ријалити. Ние живеевме заедно повеќе од две години. Немам лоши зборови за неа, само едноставно дојде до презаситување во односите и тоа е тоа. Она е многу добра девојка, изјави Никола за “Србија Денес”.
– Драги новинари и следбеници, во последниот месец дена ви немам одговорено на прашањата кои веќе долго време ми ги поставувате. Често ме прашувате зошто ги имам избришано сликите од Инстаграм од бившиот дечко. Ние веќе два месеци не сме заедно, не сме во контакт и се фокусирам исклучително само на себе, моите обврски и работа, не ме итересира ништо повеќе од тоа.
Сега кога е се кажано во врска со тоа би сакала да ставам точка на истата, ви благодарам, изјави Сања.