Министерот за здравство Венко Филипче попладнево одржа работен состанок со сопствениците на приватните болници „Жан Митрев”, „Систина” и „Ремедика”.
Разговорите, соопштија од Министерството за здравство, беа конструктивни, а приватните болници изразија позитивен став во однос на користење на нивните ресурси од страна на државата за справување со пандемијата.
Со оглед на тоа што за прв пат државата заедно со приватните здравствени институции треба да направи реорганизација за справување со ковид – кризата во време на пандемија, дополнителни прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравствени установи ќе бидат договорени на следниот состанок закажан за в недела. Дотогаш на формализирање на соработката работат тимовите од Миистерството за здравство и приватните болници, стои во соопштението.