Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин испратил известувањето за распуштање на Колективот против исламофобија во Франција (ЦЦИФ), што го обвини по атентатот на Самуел Пети дека „шири исламизам кој работи против Република “. Со твит министерот за внатрешни работи појасни дека претставниците на здружението имаат „сега осум дена да дадат свои забелешки” на оваа одлука, јави дописникот на МИА.
Распуштањето на ЦЦИФ беше објавено од владата набрзина по дивјачкото убиство, на 16 октомври, на Самуел Пати, професор по историја и географија во колеџот во Конфланс-Сен-Онорин (Ивелини).
Преку твит, колективот тврди дека „попуштајќи на повиците од екстремната десница, министерот за внатрешни работи го известил ЦЦИФ за беспредметното распуштање ” затоа што организацијата „веќе распоредила голем дел од нејзините активности во странство “, како и „нејзиното седиште”. „Тој ќе продолжи да обезбедува правна помош за луѓето кои се жртви на исламофобија и ќе ги информира меѓународните тела за состојбата во борбата против дискриминацијата и за еднаквоста во Франција”, додаваат од групата.
Од убиството на Самуел Пати од радикализиран 18-годишен Чеченец, владата воспостави директна врска помеѓу „радикалниот исламизам” и „тероризмот”. Две структури беа распуштени од Советот на министри. Станува збор за Барака Сити, обвинета за „пропагирање идеи за застапување на радикалниот ислам” и колективот „Чеик Јасин”, по импликацијата на неговиот претседател Абделхаким Сефриуи, обвинет во убивството во Конфланс-Сен- Онорин за „соучесништво во терористички напад”. Лидерите на БаракаСити и нејзиниот основач Дрис Јему, познат како Идрис Сихамеди, побараа „политички азил” од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Владата, исто така, нареди административно затворање на шест месеци на џамијата во Пантан, со образложение дека објавила видео со кое се осудува предвањето на часот на Самуел Пати за слободата на изразување за време на кој наставникот по историја прикажувал карикатури на пророкот Мухамед.