Церемонијата за прогласување на најдобрите ФИФА ќе се одржи онлајн на 17 декември

Годишната церемонија за прогласување на најдобрите ФИФА ќе се одржи преку интернет на 17 декември поради пандемијата на коронавирусот, соопшти светската „куќа на фудбалот“.

Ќе бидат доделени награди за најдобар фудбалер и најдобра фудбалерка на годината, најдобри тренери за мажи и жени, најдобри голмани за мажи и жени и „автор” на најубавиот гол во 2020 година. Ќе бидат избрани и машки и женски тимови на годината, добитник на наградата ферплеј и наградата на ФИФА за фанови.

Гласањето за номинациите во вкупно 11 категории ќе се одржи од 25 ноември до 9 декември.

„По безбедно продолжување на натпреварите, благодарение на напорната работа и солидарноста во нашиот спорт, фудбалот обезбеди редок извор на удобност и радост за многумина. Затоа е важно за ФИФА да ги почитува ваквите достигнувања во оваа извонредна година”, соопштија од ФИФА.

Треба да знаете
Последни објави