(Видео) „Те сакам како и првата ноќ“, Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс прославија 20 годишнина брак

Холивудската глумица Кетрин Зета Џонс и 25 години постариот нејзин сопруг, легендарниот актер Мајкл Даглас, синоќа прославија 20 години брак.

Многумина нивни блиски пријатели велат дека никогаш не помислиле дека популарната двојка може да издржи толку време заедно, со оглед на нивната голема разлика во годините.
Двајцата се венчаа на 18. ноември 2000 година, во хотелот „Плаза“ во Њујорк.
Низ бракот доживеаа голем број падови и издигнувања, но сепак ја одржаа нивната љубов.
Двјацата имаат и две деца синот Дилан и ќерката Керис. Кетрин на „Инстаграм“ напиша впечатлива порака по повод двегодишнината.
„Пред точно 20 години, Мајкл и јас се венчавме. Тоа беше неверојатна и магична ноќ. И сега, по 7304.85 дена и ноќи заедно, те сакам како што те сакав и тогаш. Фала ти за љубовта и насмевката“, порачаа таа.

https://www.instagram.com/p/CHuzqD7HFLy/

Преземено од Репортер

Треба да знаете
Последни објави