Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца ги продолжи рестриктивните мерки против Ковид-19 во шест региони на земјата.
Мерките се продолжени во Калабрија, Ломбардија, Пиемонт, Апулија, Сицилија и Долината Аоста.
Во овие црвени зони со висок ризик, мерките ќе останат во сила до 3 декември, додека се чека нова класификација.
Според последните податоци, коронавирусот досега е потврден кај над 1,3 милиони Италијанци, додека повеќе од 47.000 пациенти починале од последици од болеста.