Галичанка му одржа ракометна лекција на Куманово

Ракометарките на Куманово убедливо се поразени на гостувањето во Лвов во првиот меч од 3. коло од Европскиот куп од укранискиот тим Галичанка со 33-17. Македонскиот клуб одигра добро прво полувреме во кое имаа негатива само од три гола 11-8, по што во вториот дел домашниот тим им одржа ракометна лекција и на крајот македонскиот претставник во ова натпреаврување беше декласиран.

Галичанка ја наполни мрежата на кумановски со 22 гола во вториот дел. По убедливиот пораз Куманово нема што да бара на реваншот в недела.

Александра Боризовска и Мила Трајковиќ со по четири гола беа најефикасни кај Куманово, а Полјак постигна осум и Дмитришин седум гола кај тимот од Украина.

Треба да знаете
Последни објави