Легендарната Шехерезад подготвена за тренинг: Одлучив да симнам 10 килограми…

На сите новопечени мајки им испратила силна порака Турската глумица Бергузар Корел, која се прослави во улогата на Шехерезад во серијата Илјада и една ноќ, на инстаграм објавила фотографија на која нема воопшто шминка.

Таа тргнала на трчање, а на своите слебеници поделила и тоа дека одлучила да ослабе после породување. Бургазер напишала дека конечно е подготвена за слабеење и дека своето тело сака да го врати онакво како пред бременост.

“Одлучив да ослабам 10 килограми кои ги добив за време на бременоста, без стрес. Прво што сакам е да се ослободам од тежината на која моето тело досега не е навикнато и која предизвикува болка. И без одрекување од своите задоволства. Повеќе движење, три оброка, многу вода, рано вечерање и секако одбегнување од рафинирани шеќери и глутен“, напишала ‘Шехерезад’…

Преземено од Вечер

 

Треба да знаете
Последни објави