Имам план за вклучување на младите во општеството, ние се гледаме како мотор кој ги движи младинските политики напред. Мојата програма, за следните две години, почива на определбоите на партијата СДСМ, токму левичарските вредности зборуваат за правата на младиот човек. Како социјална држава се грижиме за социјално маргинализираните, се бориме против поделбата на младите, против говорот на омраза, ние активно учевствуваме во креирање на политиките на младите кои потоа се преточуваат во главната програма на СДСМ, изјави Марко Михаилоски, новиот претседател на Социјалдемократската младина во “Утрински брифинг“.
Зборувајќи за неговите планови како претседател истакна дека ќе се посвети на идејата да отвори младински клубови секаде каде што СДСМ има свои партиски седишта.
„Мојата политичка амбиција е да придонесам за унапредување на животот на младите, низ таа призма ја гледам мојата кариера, јас ја водам СДММ, најсовремена и најмодерна партиска младина, тоа во моментов ми главно, сакам да се посветам овие две години да одиме ниво погоре од тоа што сме сега. Имаме 77 партиски седишта, а само 55 младински клубови, интенција е да отвориме во сите места по еден младински клуб, да ја промовираме младинската политика“- рече Михаилоски.