Влатко Стефановски денеска ќе го објави новиот албум насловен како „Taftalidze Shufe“, кој е продолжение на успешната соработка со најголемата дискографска куќа во регионот – Croatia Records.
На новиот албум Влатко е придружуван од подмладеното „Трио“, односно од басистот Иван Кукиќ и син му Јан Стефановски на тапани.
И овој албум, како и сите претходни соло-проекти на Стефановски, е посветен на Скопје, односно на населбата Тафталиџе која е негово маало.
Снимен во домашното студио на Влатко – „Езотерија“, а миксот и мастерингот е изработен во студиото „Тра, ла, ла“ на Мите Димовски „Наместо да гледам ТВ и да паѓам во депресија, се одлучив да правам музика. И многу сум задоволен од резултатот“, открива Влатко зборувајќи за својот креативен процес.“
Во албумот има и доста познати гости како Кирил Џајковски, Диран Тавитјан, Васил Хаџиманов, Андријана Јаневска, како и актерот Никола Ристановски кој во песната „Дијаспора“ има мал речитатив.
Тој вчера го искористи топлото сонце и заедно со синот Јан заминаа на кафе-пауза ,а откако ги објави фотките, многумина му комнтираа “ Тафталиџе држава, тооо царе“…
Преземено од Репортер