Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Снежана Калеска Ванчева
„Целата прес конференција на Калевска е базирана на невистини и дезинформации. Како што власта на Заев отворено краде уште поотворено лаже.
Кога Калевска зборува за Уставниот суд добро е да спомене дека тој е истиот оној кој самоволно и без одлука на Собранието во услови на корона криза си ги зголеми платите за цели 35 отсто. Калевска не ја чувме да каже ниту збор дека им пречи зголемувањето на плати, што значи дека се согласуваат со тоа. Втората работа е што тоа е истиот Уставен суд каде Заев по наредба ја инсталира и избира Добрила Кацарска чие работење покажува дека е партиски послушник, а не заштитник на правото.
Е таков Уставен суд е доказ дека со Заев никогаш нема да се дојде до правда. Република Македонија не е правна држава, таа е претворена во картел на мафијата предводена од Заев. Додека Заев е на чело на СДСМ треба да му се забрани да зборува за правда зошто е главен промотор на криминалот.