На ветото од Бугарија е напишано името на Зоран Заев. Човекот нема ниту еден успех постигнато во надворешната политика.
Впрочем на референдумот за името ја убедуваше целата јавност дека смената на името ќе значи влез во Европската Унија. Откако го смени името, постигнувајќи договор кој претходно не го прифати ниту една македонска влада се насочи кон постигнување на договор за добрососедство и пријателство со источниот сосед за кого сега од неговата партија изјавуваат дека никогаш не би го потпишале да знаеле дека Бугарија ќе не блокира.
Прашањето е откако не блокираше Бугарија и признаваат дека источниот сосед „ја превеслал жеднa преку вода“ македонската дипломатија, што презема Зоран Заев да го смени тоа! Во меѓувреме направена е трајна штета на македонските позиции, бидејќи играта „all in“ на Заев се претвори во „big disaster“ ставајќи ги на маса и името, јазикот, историјата, народот.
Заев откако смени име, се откажа од идентитетот нема право да збори за црвени линии. Тој даде се, а народот не доби ништо. Впрочем нема црвена линија која не ја сруши и од која не отстапи Заев. За каква црвена линија збори Заев, онаму каде што Пендаровски вели дека Делчев е Бугарин, или пак онаму каде што Каракачанов вели дека семејството на Димитров се добри Бугари, а тој не реагира.