Норовежанецот Ерлинг Халанд одигра маестрален натпреавр во дресот на германскиот фудбалски бундеслигаш Борусија Дортмунд, откако утрово ја доби престижната награда за најдобар млад фудбалер во 2020 – „Златно момче“. Халанд признанието кое го освои го потврди со четири постигнати гола, кои на „милионерите“ им донесоа победа од 2-5 на гостувањето кај Херта Берлин во рамките од 8. коло германското првенство.
Домаќините по првиот дел имаа предност од 1-0 со голот на Куња во 33. минута. Сепак, во вториот дел на сцена стапи младиот Норвежанец и со голови во 47., 50. и 62. минута донесе целосен пресврт и водство од 1-3 за тимот од Дортмунд. Во 70. минута Гереро зголеми на 1-4. Куна во 79. минута намали на 2-4, а Халанд со својот четврти гол го постави конечниот резултат 2-5 и ги доближи „милионерите“ на само еден чекор до лидерот Баерн Минхен.