Кавадарчанец загинал во сообраќајка, брат му и татко му со тешки телесни повреди биле пренесени на клиника во Скопје. Оваа вест за МИА ја потврдија од Итната медицинска помош од Кавадарци.
Сузана Прањиќ Талевска, началник на Одделение за информации од јавен карактер при МВР, за МИА рече дека синоќа во 17:15 часот на регионалниот пат Кавадарци, кај градските гробишта, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „урсус” со приколка, управуван од В.П.(24) од Кавадарци, патничко возило „фолксваген голф”, управувано од Л.Л.(51) од село Дабниште, кавадаречко и патничко возило „опел вектра”, управувано од М.К.(46) од Кавадарци, сите со кавадаречки регистарски ознаки.
-На местото на незгодата починал З.Л.(54) од Кавадарци, сопатник во патничкото возило „фолксваген голф”. Тоа го констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Л.Л. и сопатникот од истото возило Р.Л.(79) од село Дабниште, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Со телесни повреди се здобиле возачот М.К. и сопатничката М.К.(37) од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци, појасни Прањиќ Талевска.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци