Во првиот натпревар од 12. коло од Првата македонска фудбалска лига, Вардар попладнево во Велес го совлада Борец со 2:0.
Стрелци на головите беа Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски во последните десетина минути, откако домаќините не реализираа неколку убави шанси.
Со оваа победа, Вардар стигна до 16 бода и се најде во првата половина на табелата.
Другите натпревари од ова коло се играат утре. Двојките се:
Академија Пандев – Пелистер
Работнички – Македонија ЃП
Шкендија – Шкупи
Силекс – Беласица
Струга Трим Лум – Ренова.
Табела: Шкендија 25 бода, Шкупи 23, Македонија ЃП 22, Борец 19, Струга Трим Лум 16, Вардар 16, Силекс 14, Работнички 13, Пелистер 12, Ренова 8, Академија Пандев 7, Беласица 5.