Министерството за внатрешни работи вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Притоа, на територијата на Центар изрече 68 мерки, меѓу кои пет за возење без возачка дозвола и четири за нерегистрирани возила, две санкции за непоседување зимска опрема и девет мерки за возење под дејство на алкохол.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, апелира МВР.