Џафери ќе се обрати на Научна конференцијана посветена на албанската азбука

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ќе се обрати на настан посветен на Денот на албанската азбука во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

Џафери ќе има поздравно обраќање на Научната академија по повод Културно-научната манифестација „Деновите на Азбуката-II”, а настанот ќе се пренесува онлајн.

Попладне претседателот на Собранието ќе има говор и на Свечената академија по повод 111-годишнината од Дебарскиот конгрес.

Треба да знаете
Последни објави