„Нашата земја ја има привилегијата да изобилува со јазици и дијалекти, да биде „срцето на балканскиот јазичен контакт“, како што вели големиот лингвист и пријател на Република Северна Македонија, проф. Виктор Фридман. Тоа е богатство, културно богатство кое не прави поубави и посилни. Честитајќи го Денот на албанската азбука, 22-ри ноември, не го кријам задоволството што успеавме, во календарот на УНЕСКО за поддршка на значајни јубилеи во 2020, да ја внесеме и 50-годишнината од упокојувањето на Параскеви Киријази, активна учесничка на Битолскиот конгрес. На оваа исклучителна жена полиглот, ерудит, и педагог, и го посветуваме 17 декември“, рече Стефоска.
На промоцијата свои обраќања имаа и амбасадорката на САД во РСМ Кејт Мари Брнз, претседателот на Евангелско-протестантската црква на Косово, Феми Цаколи, директорот на Институтот за албански и протестантски студии во Тирана, Давид Хосафлук, Нора Малиќи-Зулали и директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Скендер Асани.
Промоцијата која се одвиваше во специфични услови поради пандемијата со КОВИД 19, е во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Aлбанците , а со поддршка на Министерството за култура.