Во текот на последното деноноќие од 24 часа починаа 24 лица. Односно по еден човек на секој саат. Тоа се луѓе кои имале свои семејства, судбини, и планови. Нивните животи згаснаа заради КОВИД, реагираат преку соопшетение од ВМРО-ДПМНЕ.
Дел од овие починати можеби ќе преживеа доколку не беше лошиот систем на Филипче, ако не се чека со денови за тестирање, па уште толку за резултати, ако болните наместо во двор инфузија примаа во болница, ако системот функционираше и телефон им се крева на сите болни кои се во животно загрозувачка состојба.
Филипче не успеа да се спреми за есенскиот КОВИД бран, иако знаеше дека доаѓа. Се однесува како да го изненадил како снег во мај.
Не стивнува ниту бројката на новозаразени. Секој ден сме над 1000. Денеска бројот на заболени е 1112.
За целиот хаос е виновен Филипче.
И додека состојбата е очајна, фактот дека уште нема вакцини против сезонски грип е доказ дека системот не функционира воопшто.
Филипче треба да си даде оставка веднаш!, се вели во соопштението на партијата.