Министерството за внатрешни работи во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје вчера изрече вкупно 256 мерки.
Меѓу нив, како што соопшти МВР, 17 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 санкции за управување под дејство на алкохол, девет за минување на затворен семафор (црвено светло), 14 мерки за користење на мобилен телефон, 50 за неносење заштитна маска, 37 санкции за непрописно паркирани возила, а 32 возила се подигнати од „пајак” службата.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР, од каде апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за се зголеми безбедноста во сообраќајот.