Полицијата против лицето Џ.Б.(59) од Гостивар ќе поднесе пријава за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, казниво по член 206 од Кривичниот законик.
Како што се наведува во МВР-билтенот, синоќа во 19.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во угостителски објект во село Здуње, сопственост на Џ.Б.(59) од Гостивар, се одржувала семејна веселба.
Од полициски службеници било излезено на местото и во објектот биле затекнати околу 70 гости. Повикани биле и инспектори од Државен пазарен инспекторат и бил извршен увид.