Мрачни лампиони да му подарат на Мицкоски, му одговараат на мрачниот карактер

ВМРО-ДПМНЕ предводена од мрачниот Христијан Мицкоски сака градовите да бидат завиени во мрак, и тоа во периодот на новогодишните и божиќните празници, кои влеваат нова надеж, зрак светлина во тешкиот период со коронавирусот.
Јелена Жугиќ нека му ги даде мрачните лампиони на Мицкоски, бидејќи совршено му одговараат на неговиот мрачен карактер и мрачните политички дејствувања.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од почетокот на пандемијата па до сега, не донираа ниту еден денар, 11 години го уништуваа здравствениот систем, го газеа достоинството на лекарите, а сега очајно се обдуваат политички да профитираат на несреќата на граѓаните.
Нивен единствен придонес е црната кампања против здравствениот систем и иституциите што деноноќно се борат со коронавирусот и саботирањето на сите мерки за справување со пандемијата.

 

Треба да знаете
Последни објави