Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без струја ќе останат делови од општините Центар, Ѓорче Петров, Зелениково и Шуто Оризари.
Од 08:30 до 15:00 часот, повремени прекини во снабдувањето со електрична едергија ќе имаат корисниците од дел од ул. „Козара” во општина Центар, од 09:00 до 11:00 часот и од 12:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од ул. „Лука Геров” во општина Ѓорче Петров, од 09:00 до 13:00 часот, дел од с. Зелениково во близина на општината и од 09:00 до 15:00 часот делови од улиците „Индира Ганди” и „Пелагонија” во општина Шуто Оризари.
Како што информираат од РЦУК Скопје, во вторник без струја од 08:30 до 12:00 часот, ќе биде дел од Волково, поточно објектите во околина на фирмите: Гранит и Водостопанство – Вардар во општина Ѓорче Петров.
Од 09:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Исаија Маџоски” згради со бр: 29, 32, 34, 36 и 38, како и Детска градинка – Росица во општина Ѓорче Петров, од 09:00 до 12:00 часот ул. „Борка Талески” бр. 26 во општина Центар, од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците од ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов” во близина на објектите со броеви 72 и 74 ) и делови од улиците „Њуделхиска”, „Анкарска” и „Атинска” во општина Карпош, од 10:30 до 11:30 часот дел од ул. „Веле Марков” во општина Ѓорче Петров, од 12:00 до 13:00 часот ул. „Стево Филиповиќ” зграда 2 и зграда 4, а од 13:30 до 14:30 часот делови од улиците „Мраморец” и „Белишка” во општина Ѓорче Петров.