(Фото) Скопјани излегоа на сонце кај Сончев град

Пријатното есенско сонце ги измами скопјани да излезат на воздух. Падините на Водно овојпат од сончевата јужна страна беа дестинацијата за голем број главно млади луѓе го окупираа недовршениот пат кон „Сончев град“ во близината на Сопиште.

Делот од проодниот пат до каде може да се стигне со автомобил беше тесен да ги прими коли. Едната коловозна лента целосно беше претворена во паркинг простор.

Забранетиот дел  од патото за автомбилите им беше добредојден на посетителите за безгрижно пешачење.

Место за одмор беше уредениот дел од пешачката патека која завршува кај „Марково Крувче“ каде некои се сончаа, други собираа сила за продолжување кон Милениумскиот крст.

 

Треба да знаете
Последни објави