Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва по средбата со сосптвениците на трите приватни болници „Систина“, „Ремедика“ и „Жан Митрев“, се договорија старата болница „Систина“, да биде користена од државата, со што се добиваат дополнителни 100 кревети.
„Постигнавме договор да го користиме стариот објект на „Систина“, болницата „Мала Богородица“, со која добиваме дополнителен капацитет од 100 кревети“, рече Филипче кој одговори кој ќе ги плаќа трошоците за пациентите кои ќе се лечат таму.
„Државата ќе ги покрие сите трошоци. Во следните денови треба да се постават доводи за кислород и сите потребни работи. Персоналот ќе биде од приватните болници“, рече министерот за здравство.