Ромелу Лукаку му донесе победа на Интер во мечот против Торино од 8. коло во италијанската Серија А. Интер беа во негатива од 0-2, откако стрелци за головите беа Заза и Ансалди.Но сепак во второто полувреме, Алексис Санчез во 64. минута намали на 1-2, а потоа со двата гола на Лукаку во 67. и 84. Интер стигна до целосен пресврт од 2-3. До крајот Лаутаро Мартинез само ја потврди победата во 90. минута.
Рома без поголеми проблеми ја совлада Парма со 3-0. Мечот беше решен уште во првото полувреме со еден гол на Мајорал и два на Мхитаријан.
Сасуоло славеше со 0-2 на гостувањето кај Верона и изби на врвот на табелата во италијанската Серија А. Стрелци на головите за Сасуоло беа Бога и Берарди.