Терминот ʺзаедничка историја“ е нешто за кое ние со бугарските колеги не сме согласни во толкувањето. Според нив, историјата до 1944 година се однесува само на еден народ – бугарскиот. Тоа за нас целосно неприфатливо. Формирањето на македонската нација започнала и пред тој датум. Не можеме да кажеме дека до 1944 година историјата е само на бугарскиот народ, ние исто така имаме своја историја, свои личности, култура што ни дозволува да ги бараме своите корени. Јас исто така не сум согласен со тоа“, изјави професор Драги Георгиев во интервју за ʺСлободна зонаʺ на телевизија ʺЕвропа“.
Копретседателот на комисијата од страна на Македонија повика историскиот спор да не влијае на политичките односи меѓу двете земји.
-Нашата историја е силно испреплетена, имаме многу заедничко и затоа барањето да се прифати само еден расказ, само една вистина, е неприфатливо. Несомнено, политичката ситуација ќе има влијание на работата на Заедничката историска комисија, но, и покрај тоа, убеден сум дека таа треба да продолжи. Работите можат да се случат само преку дијалог, преку разговори, изјави Георгиев.